Енергетската ефикасност и е потребна на Македонија, оти таа не само што е најекономичен ресурс и обезбедува намалување на потрошувачката на енергенски обезбедува и економска стабилност. Токму затоа експертите укажуваат дека секој денар вложен во неа се враќа назад како три денари добивка. Македонија воведе Стратегија за унапредување на енергетска ефикасност до 2020 година, а развојот и имплементација на овој проект има капацитет да создаде нови работни места, да придонесе за заштита на животната средина, да го подобри животот на граѓаните и да го намали увозот на енергијата. До 2018 година заштедите во пари ќе бидат најмалку до 9 отсто, ќе се намали увозот на енергенски и потроувачката до 16 %, а тоа е заштеда од стотици милиони евра.
Енергетската ефикасност и е потребна на Македонија, оти таа не само што е најекономичен ресурс и обезбедува намалување на потрошувачката на енергенски обезбедува и економска стабилност. Токму затоа експертите укажуваат дека секој денар вложен во неа се враќа назад како три денари добивка.
Македонија воведе Стратегија за унапредување на енергетска ефикасност до 2020 година, а развојот и имплементација на овој проект има капацитет да создаде нови работни места, да придонесе за заштита на животната средина, да го подобри животот на граѓаните и да го намали увозот на енергијата. До 2018 година заштедите во пари ќе бидат најмалку до 9 отсто, ќе се намали увозот на енергенски и потроувачката до 16 %, а тоа е заштеда од стотици милиони евра.
Инаку, сите нови реконструкции на болници, училишта, нови автобуси, ново улично осветлување, како и граѓаните кои ги менуваат прозорците и прават изолација на домовите се дел од мерките за енергетска ефикасност.
Деновие, на оваа тема дебатираа студентите, претставниците од академската средина и компаниите кои беа дел од Втората студентска конференција Енергетска ефикасност и одржлив развој", што се одржува под покровителство на ФЕИТ.Тие ги презентираа свои трудови за енергетска ефикасност и одржлив разво, бидејќи тоа се светски актуелни прашања за кои секојдневно се развиваат нови и иновативни решенија.
За професорката Маргарита Гиновска позитивно е што се промовираат новите технологии и методи за енергетска ефикасност и одржлив развој преку активно вклучување на студентите од сите факултети во истражувањата и примената на обновливите извори на енергија, енергетски ефикасните уреди и материјали, како и нивна примена во градежништвото, архитектурата, земјоделството и во други сектори.
Според проф. д-р Миле Станковски, декан на ФЕИТ, анализите треба да овозможат научно-истражувачка работа, како и научни вештини и компетенции за истражување на студентите кои ќе придонесат за оформување поквалитетни академски кадри во областа на енергетската ефикасност. Тоа, истовремено, значи нови технолошки решенија за актуелните проблеми како глобалното затоплување, прекумерното загадување и недостатокот на ресурси.